SportM
Фудбал

„Арсенал може да го достигне нивото на Сити, Ливерпул …“

Д М24 ное 2018
„Арсенал може да го достигне нивото на Сити, Ливерпул …“

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери е сигурен дека неговиот тим може да биде на ниво каде што се сега Манчестер Сити и Ливерпул.

Откако ги загуби првите две натпревари од Сити и Челзи, екипата на Арсенал ги „врза“ 16 натпревари без пораз. Топџиите се моментално петти на табелата, со осум поени помалку од водечкиот Манчестер Сити и шест од второпласираниот Ливерпул.

„Се сеќавам дека пред три години, кога бев со Севиља играв против Ливерпул во финалето од Лига Европа. Ние победивме со 3:1. Ливерпул тогаш не играше во Лигата на шампионите, но се натпреваруваше во второто по јачина натпреварување во Европа и Премиер лигата. Две години подоцна, одигра во финалето на Лигата на шампионите. Ова е добар пример за нас. Можеби не можеме да го сториме истото, бидејќи тие долго време работат со Клоп, но мојата идеја да го постигнеме истото ниво. Можеме да стигнеме на ниво на Сити, Челзи и Ливерпул“ , изјави Емери.

Арсенал ќе игра против Бурнемут во 13. коло.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.