SportM
Фудбал

Арсенал му нуди 30 милиони евра на Реал за Дијаз

Д М30 мар 2023
Арсенал му нуди 30 милиони евра на Реал за Дијаз

Фото: AC Milan’s Brahim Diaz controls the ball during a Serie A soccer match between AC Milan and Salernitana , at the San Siro stadium in Milan, Italy, Monday, March 13, 2023. (AP Photo/Luca Bruno)

Челниците на Арсенал се заинтересирани за играчот на Реал Мадрид, Браим Дијаз, кој моментално настапува како позајмен во Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Челниците на лондонскиот клуб се подготвени да одвојат 30 милиони евра за овој трансфер, откако Реал не смета на повремен шпански репрезентативец.

Дијаз (23) сезонава за Милан одигра 31 натпревар и постигна пет гола. Во Реал пристигна во 2019 година од Манчестер Сити, а потоа во 2020 година беше испратен на позајмица во Милан.

Договорот за позајмица на шпанскиот фудбалер со италијанскиот клуб истекува на 30 јуни оваа година. Тој има договор со Реал до 30 јуни 2025 година.

Дијаз ги помина сите младински селекции на Шпанија, а одигра и еден натпревар за репрезентацијата на „црвената фурија“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.