SportM
Фудбал

Арсенал никогаш полош, но на Артета не му е гајле

Д М1 дек 2020
Арсенал никогаш полош, но на Артета не му е гајле

Арсенал загуби на „Емирати“ од Вулверхемптон во неделата и тоа е најлошиот почеток на „топџиите“ од 1981 година.

Арсенал освои само еден бод во последните три кола и во моментов е 14-ти во Премиер лигата со само 13 бода. Речиси 40 години Арсенал немаше такви ужаси на почетокот на лигата, но тренерот Микел Артета не е премногу загрижен за тоа.

“Кога решив да станам тренер, знаев дека еден ден ќе ме отпуштат или ќе го напуштам клубот, но не знам кога ќе се случи тоа. Во овој бизнис, знам дека тоа ќе се случи, но воопшто не се грижам за тоа”, изјави Артета. , пренесуваат британските медиуми.

„Единствена грижа ми е да го извлечам најдоброто од моите играчи“, рече Артета.

Арсенал го пречекува Рапид на мечот од Лигата на Европа во четврток, по што следи гостување кај лидерот Тотенхем.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.