SportM
Фудбал

Арсенал подготви „бомба“ од 90 милиони евра!

Редакција31 јул 2026
Арсенал подготви „бомба“ од 90 милиони евра!

Арсенал е на чекор до ангажман на бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараеш од Њукасл, во трансфер вреден околу 90 милиони евра.

Доколку зделката биде реализирана, Гимараеш ќе стане второто најскапо засилување во историјата на лондонскиот клуб, веднаш зад Деклан Рајс, кој беше купен за 115 милиони евра.

Арсенал ова лето веќе ги обезбеди Пјер Инкапие од Баер Леверкузен за 40 милиони евра и Христос Цолис за иста сума, а Гимараеш треба да биде клучното засилување во средниот ред на тимот на Микел Артета.

Бразилецот во изминатите четири и пол сезони одигра 153 натпревари за Њукасл, постигна 30 голови и запиша 26 асистенции, а беше и капитен на клубот.

Во меѓувреме, Њукасл продолжува да останува без своите главни ѕвезди. По заминувањата на Александер Исак, Ентони Гордон, Сандро Тонали и тренерот Еди Хау, Гимараеш би можел да биде уште едно големо име што ќе го напушти клубот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.