SportM
Фудбал

Арсенал првиот клуб во Премиер лигата што договори намалување на платите со играчите?

Д М17 апр 2020
Арсенал првиот клуб во Премиер лигата што договори намалување на платите со играчите?

Фудбалерите на Арсенал се подготвени да прифатат намалување на платите од 12,5%.

Ним им беше понуден план кој воопшто не изгледаше лош, и по долги преговори, тие решија да го прифатат.

Имено, доколку се квалификуваат во Лигата на шампионите за следната сезона, фудбалерите на Арсенал ќе добијат се што им е одбиено, плус бонус од 100.000 фунти.

На фудбалерите на Арсенал ќе им бидат исплатени и 500.000 фунти по играч доколку ја освојат Лигата на шампионите следната сезона.

Доколку не ја освојат Лигата на шампионите следната сезона, но ја освојат Лигата на Европа, секој играч на Арсенал ќе добие бонус од 100.000 фунти.

Така, Арсенал официјално ќе стане првиот клуб во Премиер лигата што договори намалување на платите со играчите.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.