SportM
Фудбал

Арсенал само што комплетираше уште еден голем трансфер!

Д М18 јул 2022
Арсенал само што комплетираше уште еден голем трансфер!

Арсенал е во процес на финализирање на трансферот на Олександр Зинченко, кој се согласи на четиригодишен договор со Топџиите.

 

Манчестер Сити ја прифати понудата на Арсенал од 30 милиони фунти плус два милиони бонуси за Зинченко, а сега украинскиот репрезентативец ги прифати личните услови и им кажа „да“ на Топџиите кои засега имаат одличен летен преоден рок.

Ако се оди според планот, Зинченко ќе ја напушти претсезонската турнеја на Сити за да ги помине медицинските прегледи и да потпише за клубот од северен Лондон.

 

Иако има тенденција да работи во средниот ред кога игра за Украина, Гвардиола главно го користеше како лев бек. Иако е специфична област на теренот каде Арсенал сакаше да се засили, неговата разновидност сигурно ќе му се допадне на Микел Артета.

 

Зинченко со Сити освои четири шампионски титули на Англија, како и Лига купот и ФА купот, а минатата година играше и во финалето на Лигата на шампионите.

 

Тој ќе биде петтото засилување за Арсенал ова лето по доаѓањето на Маркињос, Мет Тарнер, Фабио Виера и Габриел Жесус, кои Зинченко многу добро ги познава додека играа заедно на „Етихад“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.