SportM
Фудбал

Арсенал се плаши дека Озил ќе им земе повеќе од 10 милиони евра

Д М7 јан 2021
Арсенал се плаши дека Озил ќе им земе повеќе од 10 милиони евра

Месут Озил постојано се поврзува со напуштање на Арсенал.

Одличниот германски играч за врска едноставно е отпишан од плановите на менаџерот Микел Артета, а клубот очајно сака да го продаде во јануарскиот преоден рок.

ДЦ Јунајтед и Фенербахче се поврзани со 32-годишниот играч од средниот ред, и иако турските медиуми објавија дека тој ќе патува за Истанбул и дека договорил договор на три и пол години, сè уште ништо официјално не е потврдено.

Озил има богат договор во лондонскиот тим и напуштањето на клубот би го чинело околу 10 милиони евра. Неговиот договор изнесува 350.000 фунти неделно, а има уште 26 недели до крајот на соработката, а тоа носи бројка од нешто повеќе од 10 милиони евра.

Исто така, бонусот за лојалност е вклучен во договорот. Тој дел од договорот е воспоставен за да се осигурa дека Озил нема да оди никаде пред да заврши договорот и не е познато колку пари носи.

“Негов приоритет е да остане во Арсенал, но работите брзо се менуваат во фудбалот и тој може да замине. Ги разгледуваме сите опции за овој месец, но и за летото”, изјави неговиот агент Еркут Согут.

Озил го одигра својот последен натпревар за Арсенал пред 306 дена.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.