SportM
Фудбал

Арсими го совлада Силекс во Кратово

Редакција28 ное 2025
Арсими го совлада Силекс во Кратово

Првиот натпревар од 15.коло од Првата фудбалска лига одигран попладнево во Кратово заврши со победа од 3:1 на гостинската екипа Арсими против Силекс. Натпреварот се одигра по тешки услови, поради изобилните врнежи од дожд теренот беше во најголем дел покриен со вода и фудбалерите тешко ја контролираа топката.

Во такви услови гостите поведоа во финишот на првиот дел (44.минута) преку Мирнел Хуриќ. На 2:0 екипата на Арсими зголеми Ринор Ајдини во 61.минута, а голот за домашната екипа го постигна Мартин Мирчевски во 75.минута. Конечните 3:1 за Арсими ги постави Албан Таири во 81.минута.

Утре се играат два дуела: Пелистер – Македонија ЃП и Брера – Тиквеш, додека в недела на програма се натпреварите: Струга – Башкими и Вардар – Шкупи.

Последниот дуел од оваа рунда се игра в понеделник меѓу Шкендија и Работнички.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.