SportM
Фудбал

ФИФА ги изрече казните за инцидентот по финалето на Светското првенство, најлошо помина Паредес

Редакција21 авг 2026
ФИФА ги изрече казните за инцидентот по финалето на Светското првенство, најлошо помина Паредес

Дисциплинската комисија на ФИФА официјално ја заврши постапката покрената по инцидентот на финалето на Светското првенство во Њујорк, во кое Шпанија ја совлада Аргентина со резултат 1:0.

Поради физичкиот конфликт што по завршувањето на натпреварот го иницираа Аргентинците, изречени се ригорозни казни кои се однесуваат исклучиво на репрезентативните натпревари, што значи дека играчите непречено можат да настапуваат за своите клубови.

Најлошо помина аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес, кој е казнет со десет натпревари забрана за играње, додека шпанскиот репрезентативец Гави доби суспензија од еден натпревар.

Со одлуката се опфатени и други аргентински репрезентативци. Науел Молина доби седум натпревари суспензија, Тијаго Алмада два, а членот на стручниот штаб Роберто Ајала три.

Список на казни:

  • Леандро Паредес (играч на Аргентина): суспензија од десет натпревари и парична казна од 90.000 американски долари.
  • Науел Молина (играч на Аргентина): суспензија од седум натпревари и парична казна од 90.000 американски долари.
  • Тијаго Алмада (играч на Аргентина): суспензија од еден натпревар и парична казна од 30.000 американски долари.
  • Роберто Ајала (член на стручниот штаб на Аргентина): суспензија од три натпревари и парична казна од 30.000 американски долари.
  • Пабло Мартин Паез Гавира – Гави (играч на Шпанија): суспензија од еден натпревар и парична казна од 30.000 американски долари.

Дисциплинската постапка на ФИФА не се однесуваше само на настаните по финалето. Постапката беше покрената и против Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА) поради повеќе инциденти во текот на целиот турнир.

Истрагата опфати дискриминаторско скандирање и гестови, доцнење на почетокот на натпреварите, прекршување на безбедносните протоколи, фрлање предмети на теренот и истакнување несоодветни пораки.

АФА е казнет со парична казна од околу 250 илјади долари, како што пренесува „Ел Паис“. Меѓу анализираните инциденти бил и транспарентот со натпис „Малвините се аргентински“, кој некои играчи го истакнале по полуфиналниот натпревар против Англија.

ФИФА ја засновала постапката против аргентинскиот сојуз на неколку членови од Дисциплинскиот кодекс. Се повикала, меѓу другото, на членовите кои се однесуваат на користење на спортски настани за неспортски манифестации, недолично однесување на тимовите, дискриминација и редот и безбедноста на натпреварите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.