SportM
Фудбал

Артета: Мораме да научиме од поразот од Јунајтед

Д М5 сеп 2022
Артета: Мораме да научиме од поразот од Јунајтед

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека неговиот тим треба многу да научи од поразот (3:1) што го претрпе од Манчестер Јунајтед во неделата.

„Имаме многу да научиме од тоа. Ни недостигаше дисциплина која е неопходна во одредени области на теренот, особено кога играте против играчи од светска класа… едноставно не можете да им оставите простор. Кога ќе погледнете како воопшто игравме, сфаќате дека резултатот не е соодветен“, изјави Артета.

Шпанскиот стручњак изјави дека имало добри работи во натпреварот.

„Ја покажавме личноста на тимот и тоа е начинот на кој игравме – доминиравме на теренот. Сепак, сето ова мора да биде придружено со позитивен резултат. Ако не, тоа е разочарување за нас“, изјави Артета.

Арсенал во следното коло го пречекува Евертон.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.