SportM
Фудбал

Артета најде ново засилување

Д М14 јан 2021
Артета најде ново засилување

Арсенал не игра многу добро оваа сезона и бара засилување за да ја продолжи сезоната со цел да се вклучи во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Една од позициите каде им е потребно засилување е голманската позиција. Имено, Лено нема конкуренција, а Артета смета дека тоа е проблем.

Така, тренерот на Арсенал реши да донесе искусен голман на позајмица до крајот на сезоната, кој ќе има шанса да добие постојан договор во Арсенал на крајот на сезоната.

Изборот падна на голманот на Барселона, Нето, кој брани многу малку затоа што, се разбира, Тер Штеген е првиот избор.

Сепак, Барса бара одредена сума пари, а токму тоа го „кочи“ овој трансфер, но останува да видиме дали Нето ќе се пресели во Премиершип.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.