SportM
Фудбал

Артета очекува „голем подарок“ од управата на клубот, но тоа не е Винисиус Жуниор

SPORTM.mk5 авг 2026
Артета очекува „голем подарок“ од управата на клубот, но тоа не е Винисиус Жуниор

И покрај отпорот на Њукасл и постојаните понуди на Арсенал кои биле одбиени од нив, „Топџиите“ се убедени дека на крајот ќе успеат да го трансферираат Бруно Гимараеш.

Нема постигнато никаква конечна договореност, но сите вклучени страни веруваат дека преговорите се движат во вистинскиот правец.

Последната официјална понуда на Арсенал за бразилскиот играч за врска беше 82 милиони евра, но беше одбиена од Њукасл. Според англиските медиуми, договорот меѓу страните се очекува да се постигне за сума од 100-110 милиони евра.

Трансферот на Гимараеш несомнено ќе биде луксузно засилување за Артета и Арсенал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.