Поврзи се со нас

Фудбал

Артета разочаран од судењето на „Етихад“: „Им требаат само две секунди …“

Арсенал го забележа седмиот последователен пораз во лигата во дуелите со Манчестер Сити, сега „Граѓаните“ слават со 1:0.

Микел Артета беше разочаран од некои судиски одлуки по натпреварот, особено од оние од финишот на првото полувреме по дуелот помеѓу Кајл Вокер и Габреил Магалхаес.

„Ја погледнав ситуацијата со незаслужениот пенал. Јас само ги замолувам судиите да го погледнат видеото, бидејќи мислам дека не го сторија тоа“, изјави шпанскиот тренер.

„Потребни им се само две секунди да свирнат и да погледнат. Разочаран сум од оваа ситуација“, додаде шефот на стручниот штаб на „Топџиите“.

Од друга страна, Артета не беше толку незадоволен од играта како од неискористените можности.

„Имавме три или четири големи шанси требаше да ги реализираме. Така треба да се прави тоа во противничкиот шеснаесетник“, рече Шпанецот.

Advertisement