SportM
Фудбал

Артуро Видал веќе избра број во Интер

Д М22 сеп 2020
Артуро Видал веќе избра број во Интер

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал денес официјално потпиша договор со Интер.

Видал по две години реши да ја напушти Барселона бидејќи Роналд Куман не сакаше да смета на него во новата сезона. Наскоро пристигна и понудата на Интер, која овој искусен играч за врска не ја одби.

Интересно е што Интер и плати на Барселона само еден милион евра обештетување за Видал, а тој милион ќе го платат на рати.

Видал вчера успешно ги мина лекарските прегледи, а денес потпиша договор со Интер. Клубот откри дека тој веќе позајмил нов број и дека ќе го носи бројот 22 на неговиот дрес, што е негов заштитен знак.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.