SportM
Фудбал

Астон Вила на прагот на Европа

Д М9 апр 2023
Астон Вила на прагот на Европа

Фудбалерите на Астон Вила газат се пред себе и се вистинско чудо откако ги презеде Унаи Емери.

Вила во саботата го победи Нотингем Форест и барем привремено ја зазеде шестата позиција со 47 бодови.

Не треба да се заборави дека Емери ја презеде Вила од Стивен Џерард кога беа 17-ти на табелата и многумина предвидуваа жестока борба за опстанок.

Сепак, тогаш Емери реши да го напушти Виљареал и да преземе талентиран тим кој моментално е на прагот на Лига Европа.

Астон Вила со него на кормилото има скор 11-2-4 и откако Емери е во Премиер лигата само Арсенал има освоено повеќе бодови!

Вила имаше само 12 со Џерард во месец октомври, сега е на прагот на Европа и трката за шестото место ќе биде навистина интересна за гледање, бидејќи тука е Брајтон со бод помалку и дури два натпревари помалку, Ливерпул три поени помалку и два натпревари помалку.

Астон Вила има четири победи во низа, а ќе биде вистински предизвик да ја забележи петтата, бидејќи во следното коло го пречекува Њукасл. Потоа следуваат нови со Брентфорд, Фулам, Манчестер Јунајтед, Волвс, а во последните три директни дуели за Европа со – Тотенхем, Ливерпул и Брајтон!

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.