Аталанта го разби Јувентус за полуфинале (ВИДЕО)
E R6 фев 2026

Фудбалерите на Аталанта се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија, откако синоќа во Бергамо го совладаа Јувентус со 3-0.
Аталанта поведе во 27. кога Скамака реализираше пенал, откако претходно Јувентус пропушти неколку изгледни шанси да дојде во водство.
Во продолжението, Јувентус залудно се обидуваше да израмни, а Аталанта го зголеми водството во 77. минута со голот на Сулемана. Конечниот резултат го постави Пашалиќ во 83.минута.
Во полуфиналето, Аталанта ќе игра против победникот од дуелот помеѓу бранителот на титулата Болоња и Лацио.
Во средата, Интер стана првиот полуфиналист со победата од 2-1 против Торино. Интер во полуфиналето ќе се соочи со победникот од четвртфиналниот меѓу Наполи и Комо.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



