SportM
Фудбал

Аталанта ја заврши работата против Беневенто во две минути

Д М9 јан 2021
Аталанта ја заврши работата против Беневенто во две минути

Како гостин во 17. коло од Серија А, Аталанта го совлада Беневенто со 4:1.

Тимот од Бергамо одигра уште еден одличен натпревар и заслужено стигна до нов триумф.

Аталанта поведе во 30-та минута. Јосип Иличиќ постигна одличен погодок за 0:1.

Со овој резултат тие заминаа на полувреме, а домашните изедначија по пет минути игра. Сау погоди за 1:1.

Сепак, Аталанта жја заврши работата на овој натпревар за само две минути. Толо погоди во 70. минута за 1:2, а една минута подоцна Запата погоди за 1:3.

Муриел го постави конечниот резултат за овој натпревар со одличен погодок во 86-та минута за конечни 1:4

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.