Атлетик и Реал Сосиедад најдоа нова локација за финалето од Купот на Кралот

Иако Атлетик Билбао и Реал Сосиедад сакаат да го играат финалето од Купот на Кралот со публика дури и во 2021 година, но сепак, инсистирањето на УЕФА да се стави крај на натпреварувањата што е можно поскоро им ги расипува нивните планови.
Со оглед на растојанието, стадионот Ла Картуџа во Севилја се чини дека е пречкртана опција. Високите температури и фактот што хотелите во Севилја не можеа да профитираат, бидејќи нема да има баскиски навивачи, се причината што се бара новата локација.
Според извештаите на шпанските медиуми денес, баскиските ривали пронашле нов стадион за да се одигра натпреварот. Тоа е стадионот „Мендинзороз“ каде Алавес нормално ги игра своите натпревари.
Стадионот во Виторија е оддалечен 70 км од Билбао и 130 км оддалечен од Сан Себастијан, што го прави идеален за овој многу важен натпревар. Градскиот совет и Алавес немаат ништо против тоа.
Премногу е рано да се каже можен датум за натпреварот, бидејќи шпанските клубови допрва треба да се договорат за продолжување на Ла Лига. Продолжувањето на Шпанското првенство кон средината на јуни изгледа како реална опција.



