Connect with us

Фудбал

Атлетико блиску до постојан трансфер на Караско

Атлетико Мадрид работи на траен трансфер на Караско, со што би се обезбедило целосно враќање на Белгиецот во шпанската престолнина.

Караско се врати во Атлетико на шестмесечна позајмица од кинескиот Далиан Јифанг во јануари, откако го напушти Мадрид и замина во Кина во февруари 2018 година.

Белгиецот воопшто не ја сакаше Кина, па со сите сили сака да остане во Атлетико.

Наводно, Диего Симеоне исто така сака клубот да го задржи Караско и да му даде четиригодишен договор.

loading...

Атлетико, како што пишува „Диарио АС“, се убедени дека ќе можат да ја завршат зделката со трансферот на Караско до почетокот на новата сезона во ЛаЛига, иако Белгиецот има уште двегодишен договор со Јифанг.

Вредноста на Караско драстично опадна откако замина во Кина, па Атлетико би можел да го обезбеди неговиот трансфер за околу 20 милиони евра, а самиот Белгиец би се согласил на драстично пониска плата само за да се врати во Европа.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com