SportM
Фудбал

Атлетико Мадрид одби вистинско богатство за Хименез од Манчестер Сити

Д М24 сеп 2020
Атлетико Мадрид одби вистинско богатство за Хименез од Манчестер Сити

Во тек е целосна реконструкција на одбраната на Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола сака да донесе уште еден стопер.

Тој се надеваше дека ќе го договори доаѓањето на Хименез од Атлетико Мадрид, но неговата понуда беше категорично одбиена.

„Манчестер Сити ни понуди 85 милиони евра за Хименез, но тој е неверојатен играч и ние сакаме да имаме такви играчи во нашиот тим“, рече Енрике Карезо, претседател на Атлетико Мадрид.

Тој исто така потврди дека понудата од Манчестер Сити пристигнала на нивната адреса, но и дека е одбиена.

Гвардиола сега нема друг избор освен да бара нов стопер за својот тим на друго место.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.