Атлетико не е исклучок: Симеоне и четворица играчи се заразени

Атлетико Мадрид во четвртокот објави дека тренерот Диего Симеоне и четворица играчи се заразени со корона вирусот.
По божиќната пауза, комплетниот прв тим и членовите на стручниот штаб беа тестирани за корона вирусот, согласно протоколот во Ла Лига.
Клубот соопшти дека позитивни резултати добиле Диего Симеоне, Коке, Антоан Гризман, Хектор Ерера и Жоао Феликс.
Се додава дека никој од нив не ги чувствува симптомите и дека сите се во изолација, како што е пропишано.
Атлетико е уште еден во низата шпански клубови кои се соочуваат со овој проблем. Во Реал Мадрид ситуацијата не се смирува, додека во Барселона секојдневно расте бројот на заразени.
Затоа шпанските медиуми најавија можни одложувања на натпреварите за викендот.
B A C K❗️❕ pic.twitter.com/Ka50GdhcA2
— Atlético de Madrid (@atletienglish) December 29, 2021



