SportM
Фудбал

Атлетико се обидува да ја блокира регистрацијата на Гризман

Д М24 јул 2019
Атлетико се обидува да ја блокира регистрацијата на Гризман

Атлетико Мадрид ја повика шпанската фудбалска лига да не го регистрира Антоан Гризман како играч на Барселона за новата сезона, потврди претседателот на штабот Хавиер Тебас.

„Јорганџиите“ протестираат поради трансферот на напаѓачот, кој премина на „Камп Ноу“ по активирањето на неговата клаузула за откуп од 120 милиони евра. Износот за кој станува збор стана активен по 1-ви јули, но Атлетико тврди дека Каталонците започнале преговори и склучиле договор со фудбалерот долго пред тој датум.

Поради оваа причина, „црвено-белите“ претендираат да добијат 200 милиони евра, колку што е клаузулата пред почетокот на овој месец.

– Атлетико се обрати кон нас со ова барање. Можно е Гризман да не биде пријавен, но тоа треба да го решат соодветните луѓе, кои се занимаваат со случајот. Не можам да кажам што ќе се случи, рече Тебас за „Онда Черо“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.