Connect with us

Тајмаут

Атрактивната пејачка исчезна од сцената, за сето тоа е виновен српскиот фудбалер (ФОТО)

Во центарот на регионалното внимание се најдоа српскиот фудбалер Урош Рачиќ (27) и атрактивната млада пејачка Ема Радујко (21). Нивната врска, која беше проследена со бројни подеми и падови, неодамна влезе во нова, посериозна фаза, но по висока цена за нејзината кариера.

Како што пренесуваат српските медиуми, играчот од средниот ред на грчки Арис ѝ поставил јасен услов на својата девојка за продолжување на заедничкиот живот – да се повлече од јавноста и да ја прекине музичката кариера.

Оваа одлука е особено шокантна ако се има предвид дека Ема Радујко за краток временски период стана една од поистакнатите млади ѕвезди на регионалната сцена.

Откако стекна популарност како ѕвезда на TikTok, успешно зачекори и во музичките води. Нејзиниот деби мини-албум „Афродита“ од 2023 година постигна забележителен успех, а пејачката стана препознатлива по своите енергични и визуелно провокативни настапи, кои често предизвикуваа поделени реакции, но воедно ѝ обезбедија и големо медиумско внимание.

-Ема целосно се промени. Урош ѝ забрани да се занимава со музика и да настапува. Јасно ѝ кажа дека, ако сака сериозна врска, мора да се откаже од провокативни настапи, кратка облека и предизвикувачки фотографии – наведува изворот и додава: – Не ѝ беше сеедно, но се согласи затоа што го сака, изјавил неименуван извор, близок до парот, за српските медиуми.