SportM
Фудбал

Азар: Не ја заслужувам Златната топка, има подобри…

Д М17 ное 2018
Азар: Не ја заслужувам Златната топка, има подобри…

Белгискиот репрезентативец Еден Азар е еден од номинираните играчи за престижната Златна топка.

Веќе некое време Азар во дресот на Челзи покажува добра игра и многумина го спомнуваат неговото име во разговорите за Златна топка, но тој верува дека има подобар од него.

Пред се го издвои Мбапе од ПСЖ.

„Играм добро, но не сакам да се занесувам. Не ја заслужувам оваа награда. Постојат подобри играчи од мене…“, рече Азар, а потоа на прашањето кој ја заслужува Златната топка, тој одговори:

„Можеби Лука Модриќ, но проблемот е што не игра толку добро по Светското првенство. Мислам на периодот во август и септември. Ако го гледаме почетокот на сезоната, тогаш морам да кажам дека мојот фаворит е Килијан Мбапе“, рече Азар.

За Азар ова е трет пат да се најде во конкуренција за Златната топка.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.