„Азар во фудбалот е како Мајкл Џордан во кошарката“

Тренерот на белгиската репрезентација Роберто Мартинез го опиша Еден Азар како иден победник на Златната топка, опишувајќи ја белгиската sвезда како Мајкл Џордан во кошарката.
Еден Азар – нашироко сметан за еден од најдобрите фудбалери во светот – се префрли од Челзи во Реал Мадрид за време на летниот преоден рок. Оттогаш, тој го покажа својот талент во неколку наврати, но главама неможе да крене од повреди.
На прашањето за Азар, Мартинез го спореди со кошаркарската легенда Мајкл Џордан.
„Можам да го видам Азар како ја освојува Златната топка. Тој ја има улогата да биде победник на Златната топка. Она што тој го стори е на ниво на победникот на Златната топка и тој е секогаш легитимен за оваа награда“, рече Мартинез.
„Тој постигна одлична работа со Челзи, исто така и во Франција. Тешко е за странец да биде референца на проект кој има за цел да ја освои лигата. Тој е играч кој прави клучни додавања, тој е како Мајкл Џордан во кошарката. Азар е Мајкл Џордан од фудбалот“.
Хазард – кој постигна само еден гол оваа сезона – ќе го пропушти првото „Ел Класико“ од кариерата со Реал Мадрид поради повреда на глуждот.



