Баерн едвај чекаше, Садио Мане се врати!
Д М19 фев 2023

Фудбалерот на Баерн и репрезентативец на Сенегал Садио Мане денеска се приклучи на колективниот тренинг на клубот од Минхен, објави шампионот на Германија.
Мане имаше индивидуални тренинзи во изминатите неколку недели, откако ја повреди фибулата на десната нога на мечот од Бундеслигата против Вердер Бремен на 8 ноември, поради што го пропушти Светското првенство во Катар.
Германските медиуми тврдат дека репрезентативецот на Сенегал ќе биде подготвен за натпревари во следните неколку недели, а на терените би можел да се врати на 8 март во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен.
Мане (30) минатата година се пресели од Ливерпул во Баерн, а оваа сезона за германскиот клуб одигра 23 натпревари и постигна 11 голови.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



