SportM
Фудбал

Баерн има сериозен проблем со овој човек: Тој редовно ги испраќа соиграчите во болница

Д М25 сеп 2021
Баерн има сериозен проблем со овој човек: Тој редовно ги испраќа соиграчите во болница

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман има сериозен проблем со францускиот фудбалер Мајкл Куисан.

22-годишникот не игра премногу со Нагелсман, а неговото однесување на тренинзите е доста загрижувачко.

Куисан има јасен став дека е премногу добар за да седне на клупата, а сега почна да испраќа соиграчи на листата на повредени.

Тој на тренинг минатата недела ја повреди раката на Марсел Сабицер, а во понеделникот го згазна коленото на голманот Свен Улрајх, што го натера да паузира од шест до осум недели.

„Блид“ тврди дека поради тоа Нагелсман, одлучил да има сериозен разговор со францускиот фудбалер и јасно му кажал што мисли за неговото однесување.

Куисан во моментов не се вклопува во плановите на Нагелсман и многу е веројатно дека тој ќе го напушти клубот во јануари.

Треба да се напомене дека минатата година Французинот имаше пресметка со Роберт Левандовски откако направи жесток старт над полскиот напаѓач.

Куисан стана член на Баерн во 2019 година. За првиот тим одигра вкупно 12 натпревари и постигна два гола.

Минатата сезона младиот Французин беше на позајмица во Марсеј. Во редовите на францускиот великан, одигра 27 натпревари и постигна два гола.

Претходно, Куисан го носеше дресот на Борусија Менхенгладбах и Нанси во кој ја започна својата кариера.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.