SportM
Фудбал

Баерн ја разби Херта во Берлин

Д М23 јан 2022
Баерн ја разби Херта во Берлин

Фудбалерите на Баерн славеа убедлива победа во Берлин над Херта (4:1).

Баерн лесно го реши во своја корист мечот од 20. коло во Бундеслигата, па ја зголеми бодовната предност во однос на Борусија Дортмунд и сега изнесува шест бода.

Баварците погодија во втората минута, но Толисо беше во офсајд и беше поништен. Во 25. минута Толисо повторно погоди, овојпат се беше јасно и гостите од Минхен поведоа.

Томас Мулер во 45. минута погоди за 2:0, а потоа гостите постигнаа уште два гола. Стрелец беше Лерој Сане во 75. минута, четири минути подоцна погоди и Гнабри.

Екеленкамп во 81. минута постигна утешен гол за Херта, која денеска не беше рамноправен ривал на фаворизираниот Баерн.

По репрезентативната пауза Баерн го очекува дерби со Лајпциг, а Херта ќе ја пречека Бохум.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.