SportM
Фудбал

Баерн Минхен го „игнорира“ Роналдо: „Тој е престар за нас“

Д М8 фев 2020
Баерн Минхен го „игнорира“ Роналдо: „Тој е престар за нас“

Зимскиот преоден рок заврши веќе неколку дена, но гласините продолжуваат да кружат за следното лето. За Баерн Минхен дури и во последниве часови се шпекулираше дека е заинтересиран за Кристијано Роналдо, но претседателот Херберт Хаинер негираше сè. За „TZ“, тој кажа дека воопшто не се заинтересирани за Роналдо поради неговите години.

„Природно е дека многу имиња ќе се појават во медиумите сега, но Роналдо е престар за нас“.

Ханер ги прекина соништата на навивачи на „Баварците“, потврдувајќи го составот на неговиот клуб. Во меѓувреме, по повод неговиот 35-ти роденден, самиот Роналдо изјави дека се чувствува најмалку десет години помлад.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.