SportM
Фудбал

Баерн на гости успеа да слави, Јанг Бојс со пенал се спаси од пораз

Д М23 окт 2018
Баерн на гости успеа да слави, Јанг Бојс со пенал се спаси од пораз

На натпреварите од третото коло од Лигата на шампионите, кои започнаа во 18:55 часот, Баерн успеа да слави на гости, а Јанг Бојс со пенал се спаси од пораз.

Германскиот шампион во првото полувреме и покрај големиот пресинг не успеа да постигне гол, но затоа во второто полувреме постигна два гола кој се доволно за победа и спас на Коваќ. Првиот гол го постигна Мартинез во 61. минута и на својот тим му донесе водство од 0:1, вториот гол за убедливи 0:2 го постигна Левандовски во 63. минута.

Оваа победа може да се каже дека го спаси Коваќ од отказ, поради тоа што се шпекулираше дека на овој натпревар ќе биде под лупа и ако не издвои победа ќе добие отказ.

Валенсија одлично го започна натпреварот и во 26. минута Батчуај постигна гол за водство на гостите од 0:1, но во второто полувреме Гиљерме Хоарау во 55. минута постигна гол од пенал и го спаси Јанг Бојс од порас на домашен терен. Крајниот резултат на натпреварот беше 1:1.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.