SportM
Фудбал

Баерн назначи нов тренер на голманите, што ќе каже Нојер?

Д М8 фев 2023
Баерн назначи нов тренер на голманите, што ќе каже Нојер?

Фудбалскиот клуб Баерн денеска го назначи Михаел Ренер за нов тренер на голманите, откако Тони Тапаловиќ беше разрешен од таа функција.

Баварскиот клуб објави дека 42-годишниот стручњак, кој претходно работеше во Хофенхајм, ќе му се приклучи на тимот, но не соопштија детали за должината на договорот.

Баерн го отпушти Тапаловиќ на 23 јануари, а спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ како причина ги наведе „разликите во однос на начинот на кој тие работат заедно“.

Ова доведе до остри критики од голманот на Баерн, Мануел Нојер, кој работеше со Тапаловиќ за време на неговиот престој во Шалке.

Нојер и Тапаловиќ заедно се приклучија на Баерн во 2011 година, а голманот, кој ја заврши сезоната поради повреда на скијање, изјави дека отказот на Тапаловиќ е „најлошото нешто што го доживеал во кариерата“.

По 19 натпревари, Баерн води во Бундеслигата со 40 бодови и има еден бод повеќе од второпласираниот Унион Берлин.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.