Connect with us

Фудбал

Баерн не е како Манчестер Сити и Јувентус!

Баерн не дозволи ново изненадување и заслужено се квалификуваше во финалето на Лигата на шампионите, откако го победи Лион со 3:0.

Францускиот тим влезе во натпреварот многу добро. Депај излезе сам пред Нојер, но промаши, потоа Екамби ја погоди стативата.

Казната за промашениот гол пристигна во 18-та минута. Убав погодок по одличната соло акција постигна Гнабри. Истиот играч беше стрелец на вториот гол за Баерн.

Прекрасниот Гнабри го постигна својот деветти гол во сезоната на ЛШ во 33. минута. Овој пат погоди практично празен гол, откако Левандовски не успеа.

loading...

Лион не се откажа. Тие влегоа во второто полувреме решително, но не можеа да дојдат до ново изненадување како против Јувентус и Манчестер Сити. Во 58-та минута Нојер го запре Екамби во ситуација еден-на-еден.

Германските шампиони рутински ја продолжија играта во последните 15 минути. Во 88-та минута, Левандовски им се придружи на стрелците, постигнувајќи го својот 15-ти гол во сезоната и заслужено го одведе својот тим во новото финале во Лигата на шампионите.

Во големото финале Баерн ќе игра против ПСЖ, кој беше подобар синоќа од РБ Лајпциг. Натпреварот за кој ќе се реши победникот од Лигата на шампионите е закажан за недела, на 23 август.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com