SportM
Фудбал

Баерн не го купува договорот на Кутињо

Д М22 јан 2020
Баерн не го купува договорот на Кутињо

Баварските гиганти немаат намера да ја искористат можноста за конечно купување на бразилскиот офанзивен играч од средниот ред

Филипе Кутињо ќе се врати во Барселона на крајот од оваа сезона.

Бразилската sвезда оваа сезона ја минува на Баерн Минхен на позајмица.

Сепак, тој не е доволно импресиониран за да го убеди баварскиот гигант да ја искористи можноста за на крајот да го купи неговиот договор.

Затоа, германскиот таблоид „Билд“ пишува дека поранешниот играч на Интер, Еспањол и Ливерпул ќе се вратат на „Камп Ноу“ во текот на летото.

Кутињо има постигнато 6 гола и обезбеди 5 асистенции на 16 натпревари во Бундеслигата оваа сезона.

Бразилецот се шпекулира дека ќе се врати во Премиер лигата следното лето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.