Фудбал
Баерн останува без Лукас Хернандез
Баерн Минхен ќе биде и без дефанзивецот Лукас Хернандез во наредните недели, потврди германскиот гигант преку официјалната страница.
Ернандез се повреди синоќа во победата од 2-3 над Олимпијакос во Лигата на шампионите.
Ова е многу лоша вест за Баерн, бидејќи се знае дека долго време ќе биде без дефанзивецот Никлас Суле, кој има повреда на лигаментите.
Баерн објави дека Хави Мартинез и Серж Гнабри не се повредени синоќа.