Баерн потврди ново бесплатно засилување од Дортмунд!

Баерн Минхен дефинитивно обезбеди ново летно засилување кое без обештетување пристигнува во Баварија.
Функционерот на германскиот гигант Карл-Хајнц Румениге го потврди доаѓањето на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Рафаел Гереиро (29).
Договорот на португалскиот репрезентативец истекува ова лето и тој е слободен да избере нова средина, а следната недела треба да ја потврди тригодишната соработка со Баерн.
Гереиро на тој начин уште еднаш ќе соработува со Томас Тухел, со кого дебитираше во 2016 година во „милионерскиот“ дрес, додека овојпат ќе работи во Баерн.
Уште една одлична сезона од виорот лев бек не му помогна на Дортмунд да ја освои титулата по драмата на крајот на сезоната, иако Гереиро постигна шест гола и даде 14 асистенции на 36 натпревари во сите натпреварувања.
За него се интересираше и Челзи, но Португалецот сепак ќе остане во Германија.



