SportM
Фудбал

Баерн троши ненормални пари за плати, Левандовски недопирлив

Д М12 јан 2022
Баерн троши ненормални пари за плати, Левандовски недопирлив

Кингсли Коман денеска го продолжи договорот со Баерн.

Францускиот репрезентативец потпиша договор до летото 2027 година, а Баерн на тој начин избегна уште еден „случај Давид Алаба“, односно не сакаше да му дозволи на играчот бесплатно да си замине од клубот на лето.

Во суштина, челниците на Баерн дојдоа до заклучок дека е многу поевтино да се продолжат договорите на играчите и да се исполнат нивните барања, иако претходно, кога Алаба бараше огромна бројка, тврдеа дека „никој не е поголем од клубот“.

Наместо Алаба, донесен е Дајот Упамекано, а Лајпциг е платен 42,5 милиони евра. Заедно со неговата плата, се покажа дека оваа операција чини многу повеќе и дека ќе беше многу полесно и поевтино да се потпише нов договор со Алаба, колку и да беа високи барањата на Австриецот.

Коман стана осмиот играч на Баерн кој заработува повеќе од 15 милиони евра по сезона. Покрај него, во групата се Лукас Ернандез, Леон Горецка, Томас Мулер, Џошуа Кимих, Мануел Нојер, Лерој Сане и Роберт Левандовски.

Билд пишува дека Левандовски и понатаму е далеку над другите бидејќи е единствениот кој заработува над 20 мил. Поточно, Полјакот има годишна плата од 24 милиони евра. Доколку Лева го продолжи договорот, тогаш најверојатно ќе добие покачување од неколку милиони евра.

Најблиску до Левандовски се Мануел Нојер и Томас Милер. Двајцата заработуваат по 20 милиони евра, а договорите им истекуваат во 2023 година. Баерн засега не брза со нив и се уште нема конкретни разговори.

Леон Горецка заработува 18 милиони евра, а меѓу играчите со најмала заработка е Ерик Максим Чупо-Мотинг кој има плата од два милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.