Баерн во неволја пред Барселона: Еден од најважните играчи нема да може да игра

Баерн Минхен одлично ја отвори Лигата на шампионите оваа сезона.
Во првото коло го совлада Интер со 0:2 на гости, а веќе во вторник ги очекува дербито од групата Ц против Барселона.
Пред овој натпревар Баварците имаа проблем, а денеска тоа јавно го соопштија.
Денеска германскиот клуб објави дека Кингсли Коман се повредил на тренингот за првенствениот натпревар против Штутгарт. На фудбалерот веќе му беа извршени тестови кои покажаа руптура на десниот бутен мускул.
Се проценуваше дека опоравувањето би требало да трае и до неколку недели, па францускиот фудбалер би требало да се врати на терените дури по репрезентативната пауза.
ℹ️ Muskelfaserriss – Kingsley Coman fällt vorerst aus. 👇#FCBayern #MiaSanMia
— FC Bayern München (@FCBayern) September 9, 2022
Во пресрет на претстојниот натпревар против Барселона, повредата на Французинот не е добра вест за тимот на Јулијан Нагелсман.
Коман оваа сезона беше редовен во првите 11, пропуштајќи ги само првите два натпревари во Бундеслигата, што беше последица на црвениот картон што го доби минатата сезона.
Сега, освен првенствениот натпревар против Штутгарт и дуелот со Барселона, напаѓачот нема да оди на собирот на француската репрезентација, а се предвидува дека ќе се врати на терените за три недели.
Инаку, да напоменеме и дека Коман оваа сезона играше пет пати за Баерн, постигна еден гол и забележа три асистенции.



