Бактериите во Сена го откажаа тренингот за триатлон
Редакција28 јул 2024

Тренингот за пливање на триатлонците, планиран за недела, беше откажан поради лошиот квалитет на водата во реката Сена, соопшти организацискиот комитет на Олимписките игри во Париз.
„Организацискиот комитет на Олимпијадата, Меѓународната триатлон федерација и локалните власти заеднички одлучија да откажат дел од воведниот триатлон настан, бидејќи состојбата на водата не дава доволно гаранции за нејзината безбедност за здравјето на спортистите. се вели во соопштението.
Обилните дождови кои наврнаа над Париз во изминатите два дена го зголемија присуството на бактеријата ешерихија коли во Сена. Сепак, организаторите остануваат уверени дека трките закажани за 30 и 31 јули ќе се одржат според планираното.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



