Балак направи само една грешка во својата кариера за која и ден денес жали

Легендарниот германски фудбалер Мајкл Балак ја заврши кариерата во летото 2012 година, но рече дека се кае за едно нешто што го сторил.
Балак беше промовиран во Хемницер и од овој клуб замина во Кајзерслаутерн. Потоа, во летото 1999 година, тој потпиша за Баер Леверкузен, каде го даде својот најдобар настап пред фудбалската јавност.
Со одличните игри во Леверкузен го привлече вниманието на Баерн, во кој замина во 2002 година. Но, по четири години потпиша за Челзи каде играше четири сезони. Балак призна дека жали што го напуштил Челзи пред една деценија затоа што сакал да ја заврши кариерата во овој клуб.
На Балак договорот со Челз му истече во летото 2010 година и тие му понудија едно сезонско продолжување на кое не се Балак не се согласи. Германецот побара двегодишен договор, но политиката на клубот беше играчите над 30 години да добијат само едногодишен договор.
„Клубот сакаше да останам, но одлуката беше на играчите над 30 години да им биде доделен само едносезонски договор. Сакав двегодишен договор, но не го добив. Денес можам да кажам дека можеби сум згрешил и требаше да останав барем уште една сезона. Никогаш не сонував дека ќе се вратам во Леверкузен и ќе ја завршам кариерата таму. Жал ми е што не се случи во Челзи затоа што се надевав дека ќе останам во тој клуб до крајот“, рече Балак.



