Балкани противник на Шкупи во плејофот за Конференциската лига
Д М12 авг 2022

Косовската екипа Балкани е противникот на македонскиот шампион Шкупи во плејофот за Конференциската лига на УЕФА.
Балкани синоќа на пенали беше поуспешен од Клаксвик од Фарски Острови. Натпреварот заврши со победа на домаќините од 2:1, но косовскиот тим на првиот дуел победи со 3:2, па пенал-серијата го реши патникот во баражот.
Токму пеналите не и донесоа среќа на Шкендија кој синоќа беше елиминирана од АИК Стокхолм и не успеа да биде втората македонска екипа која ќе игра плејоф за Конференциската лига.
Пресметките на Шкупи со Балкани ќе бидат на 18 и 25 август.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



