Балотели одговори на критиките од Ибрахимовиќ објавувајќи фотографија со трофејот во Лигата на шампионите
Д М16 окт 2023

Фудбалерот на Адана Демирспор Марио Балотели одговори на критиките од поранешниот играч на Милан, Златан Ибрахимовиќ.
Во вчерашното интервју за „La Gazzetta dello Sport“, Ибрахимовиќ изјави дека Балотели ја пропуштил секоја шанса да го искористи својот талент.
Како одговор, 33-годишниот Италијанец објави фотографија на социјалните мрежи со трофејот во Лигата на шампионите и го означи профилот на Ибрахимовиќ.
Балотели го освои трофејот во елитното фудбалско натпреварување во сезоната 2009/10 кога настапуваше за Интер.
Ибрахимовиќ никогаш во кариерата не ја освоил Лигата на шампионите.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



