SportM
Фудбал

Балотели во 2013 беше близу до Јувентус, но во Милан замина поради…

Д М29 апр 2020
Балотели во 2013 беше близу до Јувентус, но во Милан замина поради…

Марио Балотели призна дека во 2013 година, ред да го напушти Сити, бил близу до трансфер во Јувентус, но неговото срце одлучи за Милан.

„Тоа ќе беше разумна работа, но јас го следев срцето и го одбрав Милан. Адријано Галијани ме сакаше таму. По Сити, се упатив кон Јувентус, но потоа тој интервенираше. Во моментот кога слушнав дека Милан е заинтересиран за мене ништо друго не беше важно“, вели Италијанецот.

Тој, исто така, ги сподели своите впечатоци од престојот во Интер и неговата работа со Жозе Мурињо.

„Да бидам искрен, го сакам Интер. Со Мурињо се разбиравме. Имавме неколку разговори, но секогаш се однесувавме кон едни со други со почит. Се сеќавам кога ја освоивме Лигата на шампионите. тој се качи во автобусот и јас скоро заспав на задните седишта, но тој ги прегрнуваше сите и плачеше, сите плачеа“, вели Балотели.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.