SportM
Фудбал

Балотели во свој стил: Фала му на Бога немам проблеми, ве предупредувам да не кажете некоја глупост!

E R6 јан 2025
Балотели во свој стил: Фала му на Бога немам проблеми, ве предупредувам да не кажете некоја глупост!

Фото: tv21m

Напаѓачот на Џенова, Марио Балотели (34) увери дека е во добра кондиција и тоа не е причината за малата минутажа што ја добива во тимот по доаѓањето на Патрик Виеира на тренерската позиција.

-Сакам да појаснам дека сум потполно здрав и фала богу немам проблеми. Ве предупредувам за ова во случај да се каже некоја глупост во иднина како што се случувало во слични ситуации во минатото. Бакнежи на сите и продолжете напред Џенова, напиша Балотели на својот профил на социјална мрежа.

Балотели дојде во Џенова на крајот на октомври како слободен играч. Во тој период,  фудбалерот учествуваше во шест натпревари во Серија „А“ каде помина 56 минути на теренот без да постигне гол.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.