SportM
Фудбал

Барди: Ова искуство треба да ни дава сила да продолжиме, ова е сонот на сите нас

Д М21 јун 2021
Барди: Ова искуство треба да ни дава сила да продолжиме, ова е сонот на сите нас

Македонската фудбалска репрезентација го заврши настапот на претстојното Европско првенство. Нашите фудбалери денеска го одиграа последниот натпревар на европската сцена каде беа поразени од Холандија со 3:0.

По натпревар Енис Барди зборуваше пред камерата и ги пренесе своите впечатоци од натпреварот.

„Мисла дека ова ќе ни биде убава цел во животот. Прв пат што сме на европско. Ова ќе ни биде едно искуство што треба да не носи и да ни дава сила за да продолжиме да пробаме да дојдеме овде пак, затоа што ова е сонот на сите нас да дојдеме овде и да докажеме дека Македонија вреди, има играчи големи“, рече Барди.

На прашањетоа за збогувањето на Пандев од националниот тим, Барди одговори:

„Имавме многу емоции затоа што Горан знаеме кој е, знаеме колку може да ни помогне и колку даде за оваа репрезентација. Ќе ни фали секогаш, тој е најголемиот играч во историјата на македонскиот фудбал. Мислам дека сите нас треба да ни дава сила да продолжеме по неговите чекори иако е тешко, но тој беше еден пример за сите нас за да продолжиме по неговите чекори. Само господ да му дава здравје него и на нефовата фамилија, ќе ни фали секогаш“, рече Барди и продолжи:

„Оваа генерација го направи она што го направивме со екипата до 21 година. Сега треба да одмориме глава. Овие три-четири недели ни бе многу тешки. Првпат пат сме овде. Ова ќе ни биде пример за секогаш. Сакаме да се вратиме пак, ова Македонија го менува менталитетот и нас сега цела Европа не знае и мораме да го повториме овој успех“, додаде Барди.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.