Connect with us

Фудбал

Барса на ПСЖ му нуди две sвезди за Нејмар

Каталонскиот гигант е подготвен да направи големи жртви само за да ја врати бразилската sвезда

Барселона е подготвена да направи големи жртви само за да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Каталонските гиганти го продадоа бразилскиот напаѓач за 222 милиони евра во 2017 година во Пари Сен Жермен.

Но, од тогаш, постојано се зборува за евентуално враќање на Бразилецот во Каталонија.

Сега, шпанскиот весник „АС“ пренесува дека сегашниот шпански шампион е подготвен да им ги понуди играчите Антоан Гризман и Усман Дембеле на ПСЖ за поранешниот фудбалер на „Сантос“.

Нејмар не ја криеше својата желба да се врати во Барселона.

Тоа беше блиску да се случи минатата година.