Connect with us

Фудбал

Барса постигна личен договор со Мартинез

Објавено:

Каталонските гиганти се заинтересирани за аргентинскиот напаѓач, а сега треба да се справат со Интер.

Барселона постигнаа договор со напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Ова го пренесува италијанскиот весник „Тутуспорт“.

Аргентинскиот напаѓач изгледа подготвено да се пресели на „Камп Ноу“.

Сега, откако пронајде заеднички јазик со играчот, Барса треба да започне преговори со Интер за да ги обезбеди услугите на играчот.

Клаузулата на Мартинез се верува дека е 111 милиони евра.

Сепак, Интер може да бара до 150 милиони евра за опасниот напаѓач.

Барса, од своја страна, е подготвена да стави пет играчи во оваа „операција“.

Станува збор за играчи како Нелсон Семедо, Артур, Артуро Видал, Карлес Алена и Тодибо.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com