SportM
Фудбал

Барса се обиде, сега е ПСЖ на ред: Парижаните спремиа 150 милиони за засилување!

Д М25 окт 2018
Барса се обиде, сега е ПСЖ на ред: Парижаните спремиа 150 милиони за засилување!

Барселона, минатото лето, беше многу близу до остварувањето на голем трансфер. Сепак, на крајот немаше ништо, откако Антоан Гризман одлучи да остане во Алтетико Мадрид.

Сега ПСЖ ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Атлетико кој беше светски шампион со Франција.

Како што е соопштено од страна на шпанскиот „ОК ДАРИО“ парижаните се подготвени за услугите на Гризман да платат 150 милиони евра, а неговиот потенцијален трансфер би направил гужва во нападот на ПСЖ, а тоа може да значи дека лидерите на ПСЖ се подготвени да продадат некоја од своите ѕвезди. Пред извесно време, имаше шпекулации за незадоволството на Нејмар, како и можниот трансфер на Едисон Кавани.

Треба да се додаде дека навивачите на ПСЖ ќе имаат право на свое мислење за оваа шпекулација бидејќи Гризман минатата година во финалето на Лига Европа, истакна дека за него најголемиот клуб во Франција е, Марсеј, лутиот ривал на ПСЖ.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.