Поврзи се со нас

Фудбал

Барселона бара слободен офанзивен играч, има неколку кандидати на списокот кои веројатно веќе сте ги заборавиле

Бидејќи Ансу Фати претрпе сериозна повреда и ќе недостасува неколку месеци, Барселона е принудена да донесе нов играч.

Бидејќи има уште многу до јануари и зимскиот преоден рок, клубот, наводно, решил да реагира и да донесе некои од слободните играчи, барем како привремено решение.

Каталонскиот весник Спорт тврди дека потенцијални цели се хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ, потоа поранешниот напаѓач на Милан, Александре Пато, поранешниот играч на Арсенал, Џек Вилшер, Даниел Стариџ кој своевремено играше за Ливерпул и поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Шинџи Кагава.

Станува збор за искусни фудбалери кои имале одлични кариери во европските лиги, но кои во моментов немаат клуб. Барселона на овој начин ќе понуди договор на еден од нив, најверојатно на една година.

Барселона имаше план да го продаде Усман Дембеле во јануари, но сега е уште поизвесно дека тој ќе остане, особено што во последно време започна да игра се подобро и подобро. Тука се и Лионел Меси и Антоан Гризман, но за концептот на играта на Роналд Куман, недостасува уште еден играч кој може да игра во напад или на страна.

loading...

Facebook