Connect with us

Фудбал

Барселона бесна на судијата, дали се оштетени кај голот на Жирона за пораз?! (ВИДЕО)

Во натпреварот од 24. коло на Ла Лига, Жирона ја победи Барселона со резултат 2:1, а голот за победа на домашната екипа предизвика бројни контроверзии.

Барселона поведе во 59. минута со голот на Кубарси, но Жирона израмни веќе во 61. минута со погодокот на Лемар.

Голот за победа на Жирона го постигна Белтран во 86. минута од натпреварот, а токму поради тој погодок актуелните шампиони на Шпанија сметаат дека судијата драстично ги оштетил.

Имено, среде нападот Кунде падна на тревникот откако Ечевери го нагази, но судијата Градо не ја прекина играта, а во продолжение од акцијата Белтран погоди за 2:1.

Иако целата клупа на Барселона протестираше, судијата не се осврна на тоа, додека од ВАР-собата, каде што беше Давид Галвез Раскон, не пристигна сигнал за проверка.

Спорната ситуација на следниот ЛИНК.