Бергоми: Овој Интер нема рамнотежа

Поранешниот дефанзивец на Интер, сега коментатор на „Скај“, ги анализира тактичките проблеми на тимот на Хиву. Бепе Бергоми, во интервју за „Газета дело Спорт“, зборуваше за состојбата на Интер по значајниот пораз дома против Бриж, кој ги откри слабостите на „сино-црните“.
„Во европскиот фудбал, секоја екипа има барем двајца, тројца или четворица брзи играчи, способни да победат во дуелите еден на еден. Ние ги немаме. Затоа, секогаш мораме да најдеме други патишта и начини за да одиме што подалеку.
На пример? Преку играта. Интер во последните години беше многу вешт за да компензира за некои недостатоци токму преку играта и рамнотежата. Сега Хиву сака да ја подигне линијата на притисок, така што тимот да игра се’ повеќе и повеќе напред. Но така многу се изложуваш и ја губиш рамнотежата за која зборував претходно.
Сé уште не сум го прегледал целото натпреварување против Бриж, но ова е моето мислење откако ја видов компилацијата од натпреварот и головите, како и едно општо оценување што го имам долго време за нивото на европскиот фудбал“.



